На валутните пазари вредноста на американскиот долар дополнително падна во раното тргување во вторникот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување се движи околу 102,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,57 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 142,40 на 143,75 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0920 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0905 долари.
Цените на нафтата, пак, дополнително се зголемуваат, втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,22 отсто, на 78,15 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,05 отсто, на 72,50 долари.