дома Економија 2,9 милиони патници годинава се превезени од аеродромите во Охрид и во...

2,9 милиони патници годинава се превезени од аеродромите во Охрид и во Скопје

47

Бројот патници на меѓународните аеродроми во Охрид и во Скопје во периодот јануари – ноември оваа година достигна 2,9 милиони, што е за 32,1% повеќе споредбено со истиот период од минатата година, соопшти компанијата „Aeroports de Paris“.

„Само во ноември, бројот на патници достигна 244.719, што е за 54,1% повеќе од ноември 2022 година“, се вели во денешното соопштение од компанијата.

За истиот период до и од двата аеродроми реализирани се 21.941 лет, што исто така е значително зголемување од 22,1% во споредба со првите 11 месеци од 2022 година.

Само минатиот месец на двата аеродроми се реализирани 2.006 полетувања и слетувања или 45,2% повеќе отколку во ноември минатата година.

„Aeroports de Paris“ поседува 46% од акциите во турски „ТАВ“, компанијата што управува со двата аеродроми во земјава.



ПредходнаДржавата мора да остане на евроинтегративниот пат без разлика кој ќе биде на власт по изборите во 2024
СледнаСекторот за игри на среќа најави масовни протести