дома Uncategorized Вечер на слем поезија во Гевгелија

Вечер на слем поезија во Гевгелија



Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија ќе се одржи Вечер на слем поезија.

Македонски слем поети и поетеси од различни генерации со своите перформанси ќе бидат дел од вечерта посветена на слем поезијата, којашто ќе се одржи на 22 декември 2023 година во 19:00 часот, во хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

Ќе настапуваат: Миланчо Пендев, победникот на 13-от Национален слем-натпревар, второпласираниот Виктор Спасески, третопласираната Валерија Танчевска, како и Игор Трпчески, Елена Пренџова, Тихомир Јанчовски, Димитар Арнаудов.

На настанот ќе има и музичка поддршка со настап на Методија Костоски, а влезот е слободен.

 

 

– Реклама –

ПредходнаШтип одбележа стогодишнината од раѓањето на големиот македонски поет Ацо Шопов
СледнаСтартуваше изградбата на 400 киловолтниот далновод меѓу Албанија и Македонија