дома Црна хроника Kазнети 202 лица за брзо возење

Kазнети 202 лица за брзо возење

51

Во текот на вчерашниот ден (19.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 130 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



ПредходнаВерица Мукоска ја доби наградата „Бели мугри“ за најдобра поетска книга од автор до 35-годишна возраст
СледнаЕвропските берзи пораснаа, азиските го следат растот на Волстрит