дома Култура Конфискувана апаратура, скутери, компјутери донирани на Општина Гостивар

Конфискувана апаратура, скутери, компјутери донирани на Општина Гостивар


Агенцијата за управување со одземен имот денес на Општина Гостивар и‘ донираше повеќе апарати и машини, скутери, инвентар, како и работнички униформи за потребите на Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило. Примопредавањето на стоката, која потекнува од конфискација, го извршија директорот на агенцијата Дритон Небиу и градоначалникот Арбен Таравари.

Заследете нѐ на Телеграм

„Директорот прави извонредна работа, не само за Гостивар, туку и за другите градови. Се работи за конфискуван имот од одредени лица, компании кој на ваков начин потоа пак се враќа на граѓаните. Ја поздравувам неговата работа, сметам дека е многу смело, да се одземе имот на одредени политичари, лица кои вршеле злоупотреби и да се става во корист на  општини, училишта, јавни претпријатија и институции коишто имаат потреба“, рече градоначалникот.

Небиу истакна дека во согласност со своите законски надлежности агенцијата врши континуиран поврат на конфискуваниот имот на граѓаните.
„Донациите секојдневно правиме, ги поминуваме сите општини, не правиме селекција, ниту партиски, ниту на национална база, вчера бевме во Берово, бевме и во Могила, Струмица и ќе продолжиме со нашите активности и понатаму, нема општина каде нема да донираме, само секако ни треба време“, рече директорот.

Во склоп на донацијата за Гостивар беа обезбедени и повеќе компјутери и монитори, кои ќе се распределуваат во училиштата.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“| МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ |Гостинка:Благица Димитровска

Извор

ПредходнаРеализирани над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ во рамки на платформата Youth Empowered на Пивара Скопје
Следна“Фолклорно- класична симбиоза” на “Танец” во Националната опера и балет