дома Култура Печени круши – најздраво задоволство кога посакувате нешто слатко

Печени круши – најздраво задоволство кога посакувате нешто слатко






Има некои денови кога сакаме да јадеме нешто слатко, но без шеќер, да бидеме старомодни, но брзо да подготвиме на модерен начин. Доколку се прашувате што би можело да биде – ви предлагаме печени круши. Тоа е деликатес што го правеле нашите баби, а оние кои со милост го паметат, денеска го подготвуваат за своите деца. Освен што е здраво, не се користи шеќер, туку само природна храна, го подобрува и процесот на варење.

Заследете нѐ на Телеграм

Подготовка:
Добро измијте 5 зрели круши, но не им ја отстранувајте кората. Исечете ги крушите на половина и од секоја извадете ги семките. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Парчињата посипете ги со мед и малку цимет. Во зависност од тоа што сакате да јадете, секоја половина од крушата можете да ја посипете со ситно сечкани ореви, лешници, бадеми или други јаткасти плодови. Можете да додадете и малку суво грозје, сечкани сливи или смокви.
Плехот со крушите ставете го во добро загреана рерна на 250 °C. Оставете ги на таа температура 10 минути и потоа намалете ја топлината на 200 степени. Набљудувајте ги крушите додека се печат и кога ќе забележите дека одозгора почнале да се карамелизираат извадете ги од рерната. Во зависност од јачината на рерната, можете да ја намалите температурата за да избегнете горење на крушите. Времето за печење е од 30 до 45 минути. Печените круши може да се украсат со шлаг или сладолед и да се послужат додека се уште топли.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“| МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ |Гостинка:Благица Димитровска

Извор








ПредходнаКако да се јаде во канцеларија?
Следна(Видео) Бетис ја запре Џирона, Сосиедад не успеа да победи во Кадиз < Опсервер