СВР Тетово информира дека вчера (21 декември) околу 11 часот и 40 минути, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 67-годишниот М.С. од гостиварско, кој на улица „18 Ноември“ во Гостивар се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија.
По документирање на случајот, против него ќе следува поднесок, извести полицијата.