дома Uncategorized „Тојота“ повлекува милион возила во САД поради неисправности

„Тојота“ повлекува милион возила во САД поради неисправности


„Тојота моторс“ соопшти дека ќе повлече милион возила во САД поради неисправности на сензорите што може да предизвикаат краток спој и деактивирање на воздушните перничиња.

Повлекувањето опфаќа возила прозведени од 2020. до 2022 година од моделите „Авалон“,  „Камри“, „Корола“, „РАВ-4“, „Лекус ЕС-250“, „ЕС-300-Х“, „ЕС-350“, „РКС-350 хајлендер“ и „Сиена“. Сензорите треба да бидат, всушност, безбедна пречка за воздушните перничиња да не се активираат во непотребни случаи, ако на предното седиште се наоѓа мало дете.

Фирмите-продавачи ќе ги проверат и заменат сензорите доколку тоа е потребно.

– Реклама –

ПредходнаФилмот „М“ ја доби наградата за најдобар на Њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“
СледнаПутин засекогаш ја загуби Украина