Provereno

nie znaeme…

Новогодишни украси со хумана мисија од работилницата за репарација во Гостивар


Креативност, новогодишен дух и хуманост сплотени во едно преку активност на работилницата за репарација на стари предмети „Прогрес“, која неодамна беше отворена во средното техничко училиште во Гостивар, во соработка и со поддршка на фондацијата Фридрих Еберт и општината.

Заследете нѐ на Телеграм

Изминатиот период ученици од техничкоот под менторство на неколку професорки се вклучија во изработка на новогодишни украси, кои денес беа поставени во паркчето спроти општинската зграда. Фигурите, освен да придонесат за поубава новогодишна атмосфера, имаат и своја хумана нота. Капчињата и шалчињата поставени на нив, може да ги земат дечиња на кои им требаат за да се стоплат во зимските денови.

„На нашиот повик за оваа активност се одзваа од училиштето и професорките кои ја прифатија иницијативата за соработка, со креативни и талентирани ученици. Во оваа прилика, би сакале да се заблагодариме на професорките Билјана Беловинова, Рената Стефановска Тодороска и Христина Маркоvскa и на вредните креативни талентирани ученици кои со својот придонес ги направија овие украси со новогодишен мотив. Најпрво  обезбедивме дрвени даски и со помош на алатите кои ги имаме во работилницата ги приспособивме за да може децата да работат и ги цртаат. Некои од фигурите имаат капчиња и шалови, ако на некое дете му недостига капа и шал да ги земе, да се стопли. Но, исто така тоа да биде мотив за друг родител или дете, да постави капче и шал на фигурна која нема, за може некој да ја искористи да се стопли.“, кажа Ема Нешковска, дел од проектниот тим на работилницата.

Работилницата за репарација беше пуштена во употреба во септември годинава.
„Работнлицата е навистина добро посетена, задоволни сме од посетеноста и како луѓето го прифаќаат концептот да доаѓаат и да ги поправаат предметите кои не сакаат да ги фрлат“, оцени Нешковска.

Целта на работилницата која носи име „Прогрес“ е да ги натера луѓето почесто да ги поправаат старите и расипани предмети, а поретко да ги фрлаат во ѓубре, со што директно ќе се влијае кон намалување на нивото на отпад, да ја заштити животната средина и да ги поттикне занаетчиските особини кај луѓето, пред се кај младите.

Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз

Извор

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *