Изложбата „Илустрации од постземјотресната обнова на Скопје“беше отворена на 30.12.2023 година (Оваа сабота) во 14 часот, во новиот алтернативен културен центар Laboratorium, како дел од проектот „60 години од 5 и 17“ чиј автор е архитектот Филип Конески.
![](https://provereno.mk/wp-content/uploads/2024/01/Изложба-„Илустрации-од-постземјотресната-обнова-на-Скопје-на-Филип-Конески.jpg)
Сочинета е од илустрации кои се започнати една декада наназад и разработувани во периодот до нејзиното отворање. Идејата за носачот на илустрациите е произлезена од постземјотресната архитектура на Скопје, каде армираниот бетон е главниот применет градежно конструктивен материјал, како и паралелата со уличната уметност каде бетонските ѕидови најчесто се користат како подлога за исцртување. Врзувајќи ги овие две точки на инспирација, Конески изработува 60 бетонски плочи со димензија 20/20cm на кои презентира два авторски и еден експериментален концепт на аплицирање илустрација.
![](https://provereno.mk/wp-content/uploads/2024/01/1704194804_382_Изложба-„Илустрации-од-постземјотресната-обнова-на-Скопје-на-Филип-Конески.jpg)
Првиот концепт претставува дигитален цртеж, печатен директно на бетонските плочи, додека кај вториот илустрацијата е печатена на форекс, со цел да се издвои цртежот во посебен слој и да се наддаде на плочите. Во еден дел од изложбата се претставени и илустрации работени со примена на AI (вештачка интелегенција), без притоа да се дефинира позитивен или негативен став кон оваа алатка, туку едноставна експериментална примена.
![](https://provereno.mk/wp-content/uploads/2024/01/1704194804_602_Изложба-„Илустрации-од-постземјотресната-обнова-на-Скопје-на-Филип-Конески.jpg)
Инспирацијата од постземјотресната архитектура на градот е бескрајна а со тоа се потврдува нејзината вредност како недвижно културно и градителско наследство кое го дефинира идентитетот на „Новото Скопје“.
![](https://provereno.mk/wp-content/uploads/2024/01/1704194804_458_Изложба-„Илустрации-од-постземјотресната-обнова-на-Скопје-на-Филип-Конески.jpg)
Извор: МАРХ
Leave a Reply