Provereno

nie znaeme…

Внимателност на европските берзи, пад во Азија


На европските берзи се тргуваше претпазливо во средата претпладнето, како и претходниот ден, додека инвеститорите очекуваа нови вести и економски показатели кои би можеле да влијаат на насоката на пазарите.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше речиси непроменет во првиот дневен пресек од тргувањето. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,15 отсто, на 7.735 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,07 отсто, на 16.757 поени, а париски CAC 0,18 отсто, на 7.518 поени.

А на азиските берзи цените на акциите паднаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 1,3 отсто во истиот период од тргувањето како и во Европа, откако ослабна втор ден по ред. Во исто време, цените на акциите во Хонгконг, Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,8 и 2,3 отсто. Во Шангај, пак, малку се зголемија, додека во Јапонија не се работо поради празниците.

Најмногу претпладнево паднаа цените на акциите во технолошкиот сектор, поточно корејските и тајванските добавувачи на чипови за аемрикански „Apple“. Вчера, имено, цената на акцијата на „Apple“ потона за речиси 4 отсто, откако аналитичарите на „Barclays“ ја намалија препораката за акцијата поради послабата продажба на iPhone.

Така, азиските берзи го следат вчерашниот пад на Волстрит. Додуша, Dow Jones зајакна 0,1 отсто, но S&P 500 падна за 0,6 отсто, а Nasdaq индексот 1,6 отсто.

Меѓу најголемите губитници вчера беше акцијата на „Apple“, чијашто цена падна за речиси 4 отсто, откако аналитичарите на „Barclays“ ја намалија препораката за таа акција поради послабата продажба на iPhone. Значително паднаа и цените на акциите на неколку други технолошки гиганти, како „Nvidia“, „Advanced Micro Devices“, „Alphabet“ и „Microsoft“.

Минатата година, растот на цените во технолошкиот сектор беше најзаслужен за скокот на индексот S&P 500 за 24 отсто, а Nasdaq за 43 отсто. Тоа е благодарение на постепеното ублажување на инфлацијата и забавувањето на економскиот раст. Поради ова, американската централна банка најверојатно го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки, па оваа година ќе следи намалување на каматите.

Пазарот е поддржан и од уверувањето на инвеститорите дека и покрај агресивното зголемување на каматните стапки во последните години, економијата ќе избегне рецесија. Благодарение на тоа, Dow Jones достигна рекордно ниво на крајот на минатата година, додека S&P 500 се приближи до тоа ниво за помалку од 1 процент.

„Инвеститорите се задоволни поради силниот раст на пазарот на крајот на минатата година и благите пораки на Fed. Позитивно е што, се чини, рецесијата може да се избегне. Сепак, тоа не значи дека сè уште сме излегле од шумата. Дури и кога Fed постепено ќе ги намалува каматните стапки, монетарната политика ќе биде затегната и бавна економска активност“, вели Џејсон Прајд, стратег во копманијата „Glenmede“.

Затоа, во фокусот на инвеститорите оваа седмица ќе биде објавувањето на записникот од последниот состанок на челниците на Fed декември, што би можело да даде подетални насоки за монетарната политика. На пазарот на пари, се проценува дека има околу 70 отсто шанси Fed да почне да ги намалува каматните стапки веќе во март.



Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *