Provereno

nie znaeme…

За пропаднатиот проект „Чебрен“ Владата нема да ја активира банкарската гаранција на грчки „Архиродон“


Пропадна тендерот за Чебрен. Грчката компанија „Архиродон“ која го доби тендерот за изградба на хидроелектраната Чебрен се откажа од проектот. Грчкиот инвеститор не можел да ги обезбеди потребните средства од банките за да ја финансира изградбата на електраната, и со тоа проектот станал економски неоправдан. Банкарската гаранција од 1,4 милиони евра од „Архородон“ нема да се активира. Министерката за животна средина Каја Шукова денеска соопшти дека грчката компанија имала  нови услови , но тие владата не ги прифатила.

„Тие дополнителни услови не без дел од тендерската документација и како такви владата не можеше да ги прифати, бидејќи ќе беше нерамноправно во однос на другите кои подигнаа тендерска документација и кои се јавија на тендерот, и затоа одлучивме дека нем а да има промена на одлуката, условите остануваат како во тендерската документација. Очигледно компанијата со овие услови не можеше да обезбеди заеми од банките, бидејќи станува збор за голема финансиска конструкција, знаете околи една милијада евра. Така да, за жал мора да констатирамне дека 14 тендер за Чебрен пропадна,“ вели Каја Шукова министерка за животна средина и просторно планирање.

Државата и граѓаните губат со пропаѓањето на овој тендер. Ова за ТВ24 го изјави Виктор Андонов директор за развој и инвестиции во државната компанија ЕСМ. На прашањето,  дали сега државата има „План Б“ односно дали Чебрен ќе се гради со државни пари, Андонов вели дека, долг и сложен е процесот од почеток да се водат сите процедури.

„Државата мора да направи заеднички анализи, во делот енергетската транзиција и расположивите модели на финансирање, и да се направи приоритизација во делот на инвестирање во енергетските проекти, односно кои енергетски проекти се неопходни за енергетската сигурност на среден и долг рок, односно од кои проекти ќе се добијат максимални ефекти и за државата и за граѓаните“, вели Виктор Андонов Директор за инвестиции и развој во ЕСМ.

Енергетичарите пак кои беа против Чебрен да се даде на приватен инвеститор, остануваат на ставот дека државата не треба да губи време и веднаш да се насочи кон реализација на проектот, но се га со пари од државната каса. Нивното објаснување е дека секако хидроелектраната ќе се гради седум до осум години, а тоа значи дека годишно ќе треба да се обезбедуваат нешто над 100 милиони евра, но бенефитот ќе биде многу поголем бидејќи струјата ќе биде домашна а не купена по берзански цени. Во последните 20 години за Чебрен пропаднаа 13 тендери. Ова беше 14ти неупешен обид да се намали енергетската зависност од увоз на електрична енергија на Македонија.



Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *