![berzi volstrit](https://provereno.mk/wp-content/uploads/2023/11/Новите-податоци-за-ублажување-на-инфлацијата-го-поддржаа-Волстрит.jpg)
На Волстрит во вторникот, првиот трговски ден од новата година, индексите S&P 500 и Nasdaq паднаа, под притисок од падот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти, додека Dow Џонс малку се подигна.
Индекосот Dow Jones зајакна 0,07 отсто, на 37.715 поени, додека S&P 500 се лизна 0,57 отсто, на 4.742 поени, а индексот Nasdaq 1,63 отсто, на 14.765 поени.
Меѓу најголемите губитници вчера беше акцијата на „Apple“, чијашто цена падна за речиси 4 отсто, откако аналитичарите на „Barclays“ ја намалија препораката за таа акција поради послабата продажба на iPhone. Значително паднаа и цените на акциите на неколку други технолошки гиганти, како „Nvidia“, „Advanced Micro Devices“, „Alphabet“ и „Microsoft“.
Минатата година, растот на цените во технолошкиот сектор беше најзаслужен за скокот на индексот S&P 500 за 24 отсто, а Nasdaq за 43 отсто. Тоа е благодарение на постепеното ублажување на инфлацијата и забавувањето на економскиот раст. Поради ова, американската централна банка најверојатно го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки, па оваа година ќе следи намалување на каматите.
Пазарот е поддржан и од уверувањето на инвеститорите дека и покрај агресивното зголемување на каматните стапки во последните години, економијата ќе избегне рецесија. Благодарение на тоа, Dow Jones достигна рекордно ниво на крајот на минатата година, додека S&P 500 се приближи до тоа ниво за помалку од 1 процент.
„Инвеститорите се задоволни поради силниот раст на пазарот на крајот на минатата година и благите пораки на Fed. Позитивно е што, се чини, рецесијата може да се избегне. Сепак, тоа не значи дека сè уште сме излегле од шумата. Дури и кога Fed постепено ќе ги намалува каматните стапки, монетарната политика ќе биде затегната и бавна економска активност“, вели Џејсон Прајд, стратег во копманијата „Glenmede“.
Затоа, во фокусот на инвеститорите оваа седмица ќе биде објавувањето на записникот од последниот состанок на челниците на Fed декември, што би можело да даде подетални насоки за монетарната политика. На пазарот на пари, се проценува дека има околу 70 отсто шанси Fed да почне да ги намалува каматните стапки веќе во март.
Leave a Reply