Provereno

nie znaeme…

Приведени мажи во Гостивар поради агресија кон полицајци и оштетување сигнализација






СВР Тетово соопшти дека вчера (3 јануари) околу 8 часот и 45 минути, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 31-годишниот Х.С. , кој се однесувал агресивно и оштетил дел од поставената сообраќајна сигнализација на улица „18 Ноември“ во Гостивар.

Исто така вчера полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар, околу 11 часот и 10 минути на крстосница на улиците „ЈНА“ и „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар го привеле 53-годишниот Љ.Л., кој како што извести СВР, се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија и одбивал нивни наредби.
Полицијата информира дека ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз

Извор








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *