Provereno

nie znaeme…

Дневен хороскоп за недела, 7-ми јануари 2024-та


ОВЕН
Обѕирнете се наназад и проценете ги вашите достигнувања. Во искушение сте да размислувате за вашите идни планови, но ве советуваме да не избрзувате и да се занимавате со нив денеска. На вас е дали ќе бидете упорни и да се залагате за вашето мислење, а исто така да се борите за вашите права и да не дозволите странично мешање да ги блокира вашите намери.

БИК
Денот ви овозможува да ги претворите во реалност некои важни одлуки што сте ги донеле кон крајот на минатиот месец. Ќе го разјасните односот со колегите. Не претерувајте со барањата од вашите подредени, затоа што ризикувате да си заминат и да ви создаваат потешкотии. Очекувајте материјални успеси или вести за зголемиувањее, кои пријатно ќе ве изненадат.

БЛИЗНАЦИ
Наполнете се со оптимизам уште од утрото, нема причина да бидете депресивни. Размислете за нови перспективи за вашата кариера и вашиот професионален развој. Променете некои од вашите негативни особини. Може да наидете на потешкотии кои произлегуваат од организирање на важно патување во странство. Подобро да се справите самите со тоа, наместо да се потпрете на помош, за да не ви наштетат.

РАК
Ќе доживеете пријатни моменти посветени на вашите омилени активности, но немојте да се занимавате со вашето хоби доколку имате итни задачи. Ве очекува ден на професионален и финансиски успех, кој пријатно ќе ве изненади вас и вашите најблиски, доколку сте проактивни и не чекате некој друг да ви ја заврши работата. Вашата самодоверба е одлична.

ЛАВ
Имате можност да ги претворите вашите одлуки во реалност и да ги поправите односите со вашите најблиски и со колегите. Направете ги вашите планови за до крајот на месецот. Не избрзувајте ако разговарате со деловните партнери пред да одите на работното место, не ветувајте продолжување на разговорот, бидејќи вашите одлуки можеби не се исправни.

ДЕВИЦА
Веројатно ви се вртат многу идеи во главата поврзани со вашата кариера и професионален развој. Денеска и неочекувано, дури и за самите вас, ќе го промените начинот на живот. Биди оптимист. Финансиската состојба ви е одлична и ќе ви помогне да се чувствувате сигурни во себеси.

ВАГА
Денот ќе го започнете на исклучително пријатен начин, зафатени со вашите задачи, со омилените работни активности, во друштво на пријатни колеги кои сте ги избрале за вашите заеднички обврски. Полни сте со оптимизам, но бидете внимателни. Работете одговорно за да стекнете признание и да обезбедите унапредување.

ШКОРПИЈА
Од утрото не се чувствувате добро, но тоа е разбирливо и очекувано, бидејќи имате лични проблеми кои самите ги создавате. Сепак, ве очекува професионален успех. Бидете трпеливи и обидете се да проникнете во она што правите. Вашето чувство за одговорност и совесен однос кон сè што ќе преземете ќе ви бидат полезни. Не ризикувајте.

СТРЕЛЕЦ
Размислете уште еднаш за зафатите пред да направите чекор кон нивна реализација, иако брзате и сакате да го прескокнете времето. Не им верувајте на советите кои не ви се потребни и на луѓето кои се обидуваат да ви ги дадат без да имаат знаење и увид во вашата работа. Односите со колегите се добри доколку не го отфрлите нивното мислење.

ЈАРЕЦ
Очекувајте вести за приходи, коишто не треба да ги инвестирате веднаш во нов проект, особено ако не е ваш, но решивте да соработувате со добри чувства на познаник или колега. Попладне сте во форма и покрај недостигот од сон поради напнатоста од изминатите денови. Без тврдоглав отпор, потчинете се на новите барања на работното место.

ВОДОЛИЈА
Не заборавајте да најдете време и да ја проверите вашата финансиска состојба, особено ако сериозно сте ја нарушиле финансиската стабилност поради неочекувани трошоци, но не сте свесни колку сте потрошиле. Дозволено е да размислите за начините на кои можете да обезбедите дополнителен приход и да можете да го умножите.

РИБИ
Немојте премногу да им верувате на луѓето и не споделувајте ги вашите планови со непознати. Верувајте ѝ на вашата интуиција и не потпирајте се на вашата среќа ако сакате да успеете. Разгледајте ги детално сите деловни предлози за да избегнете разочарување. Не е препорачливо да патувате, дури и ако патувањето е поврзано со службени обврски.



Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *