Provereno

nie znaeme…

Почнува сезоната на доделувања на холивудските награди


Сезоната на доделувања на холивудските награди овој викенд започнува со полна пареа со неделното свечено доделување на Златните глобуси, а актерите размислуваат како да уживаат во навалицата од внимание и да ги преживееат подемите и падовите.

Британката Кери Малиган, двократно номинирана за Оскар којашто годинава конкурира за Златен глобус за најдобра актерка за филмот „Маестро“, а изјави „… Само уживам, се забавувам и не го сфаќам тоа пресериозно“.

Малиган вели дека е одушевена од она што го нарекува „допадливо сестринство“ на актерките номинирани годинава, вклучувајќи ги Маргот Роби, Ема Стоун, Лила Гледстон и Грета Ли.

Оскаровката Стоун, номинирана за Златен глобус во категоријата најдобра актерка за филмот „Кутри суштества“ (Poor Things), призна дека сезоната на доделувања на наградите ѝ е „и многу исцрпувачка и многу возбудлива“.

Оваа седмица на филмскиот фестивал во Палм Спрингс номинираните за Златниот глобус ќе ја споделат својата мешавина од восхитувања, дезориентираност и потребата да се грижат за сопствените ум, тело и дух. Сезоната трае, инаку, до доделувањето на Оскарите на 10. март и вклучува неколку доделувања награди и неброени интервјуа за медиумите.

„На проектот му се придава многу внимание, тоа е добро, но истовремено можам да разберам како некој може малку и да застрани со овој одбегнат циркус… Сакам нашиот филм да биде погледнат“, изјави Џефри Рајт, номиниран за најдобар за најдобар актер за улогата во филмот „Амерканска фикција“ (American Fiction).

Колман Доминго, кој се натпреварува за својот прв Златен глобус за најдобар актер со ролјата во филмот „Rustin“, изјави дека актерите кои минале низ сезоната на доделувања на наградите советуваат дека е потребно да се сосредоточи на себеси.

„Значи, не размислувајте за тоа кој победува, не размислувајте за тие работи. Размислувајте за тоа да бидете присутни и да уживате во моментот. И мислам дека тоа е она што го правам“, порачува Доминго.

Ирскиот актер Килијан Марфи, номиниран за најдобар актер за главната улога во историската драма „Опенхајмер“ (Oppenheimer), вели дека ужива во средбата со актерите и филмаџиите на коишто со години им се восхитува.

„Само си разговарам со нив во друштво. Тоа не се случува толку често“, додава Марфи.

Марк Рафало, номиниран за најдобра машка споредна улога во филмот „Кутри суштества“ (Poor Things) вели дека сега кога е малу постар гледа на сезоната на доделувања на наградите на нов начин.

„Сега сум во оваа возраст во којашто можеби нема да ги има многу (награди) и можам тоа да го ценам на поинаков начин, отколку што го правев тоа некогаш претходно“, вели сега 56-годишниот Рафало.



Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *