Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики.
Во Гостивар со божиќната литургија, која почнува во 8.30 часот во црквата Успение на Пресвета Богородица, ќе чиноначалствува Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф.
На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден. Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син Божји Којшто е роден како човек од Дева Марија во Витлеем, во пештера. Синот Божји не се роди во царска палата, туку во пештера.
Пораката до пастирите ја открива важноста на Христовото раѓање за сите луѓе
Ноќта таму, на падините крај пештерата, пастирите ги чувале своите стада. Наеднаш, ги осветлила силна небесна светлина и ангел Божји им рекол: Ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.
Потоа, веднаш, на небеската бесконечност се појавиле безброј ангели и сите, гласно, како најдобар хор запеале:
Слава на Бога во висините,а на земјата мири меѓу луѓето добра волја!
Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз
Leave a Reply