
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути во вторникот во претпладневното тргување падна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 102,22 поени, додека вчера во овој период од тргувањето изнесуваше 102,38 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 144,40 на 143,95 јени. Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0955 долари, додека вчера во ова време беше 1,0950 долари.
Цените на нафтата, пак, дополнително паднаа, откако вчера потонаа за повеќе од 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,11 отсто, на 76,04 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,27 отсто, на 70,55 отсто.