Home Црна хроника Казнети 542 возачи за брзо возење

Казнети 542 возачи за брзо возење

43
0

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 542 возачи.

Од нив 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 325 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 217 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.



Previous articleВерувам дека сѐ уште постојат луѓе кои останаа разумни и веруваат во подобро утре
Next articleКонцерт на Симон Трпчески на 13-ти јануари во Монте Карло

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here