Home Свет Случајот против Израел пред Меѓународниот суд е страшен и апсурден

Случајот против Израел пред Меѓународниот суд е страшен и апсурден

49
0





Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјави дека нема „ништо пострашно и апсурдно“ од случајот поднесен од Јужноафриканската Република (ЈАР) до Меѓународниот суд на правдата, во кој се тврди дека Израел врши „геноцид“ во Појасот Газа.

Во разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Херцог ја обвини Преторија за лицемерие во врска со случајот на ЈАР против Израел, чии сослушувања ќе започнат задутре, и му се заблагодари на Вашингтон за поддршката на еврејската држава, која тврди дека прави сè што е во нејзина моќ за да се избегнат цивилни жртви во Газа.

Случајот се фокусира на цивилните жртви меѓу повеќе од 23 илјади луѓе кои здравствените власти во Газа велат дека биле убиени во енклавата од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

„Всушност, нашите непријатели од Хамас, во нивната повелба, повикуваат на уништување на државата Израел – единствената национална држава на еврејскиот народ. Ќе се појавиме пред Меѓународниот суд на правдата и гордо ќе го изнесеме нашиот став дека прибегнуваме кон самоодбрана во согласност со нашето највродено право, според меѓународното хуманитарно право“, рече Херцог.

Офанзивата на Израел беше поттикната од нападот на исламистичките милитанти на Хамас на 7 октомври, за кој еврејската држава вели дека убиле 1.200 луѓе, а киднапирале 240.

МИА

– Реклама –








Previous articleЕУ апелира за помасовна вакцинација против корона вирусот и сезонскиот грип
Next articleОдносите меѓу МПЦ и СПЦ не се „добри“ туку се братски, поблиски од Македонците немаме

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here