дома Култура Втората катна гаража во Гостивар ќе се гради близу болницата, проектот се...

Втората катна гаража во Гостивар ќе се гради близу болницата, проектот се разгледува






Тече изградбата на првата катна гаража во Гостивар, на локација во градскиот парк близу Кејот на Вардар, а во меѓувреме отпочната е процедурата и за втората. Идејниот проект како ќе изгледа објектот, со колкав капацитет ќе биде, што се‘ ќе опфаќа е веќе доставен до општинскиот Сектор за урбанизам, заедно со барањето за дозвола и е во фаза на разгледување.

„Доставено е барање и проект за втората катна гаража, го разгледуваме проектот и мислам дека до крај на месецот ќе има одобрение“, потврди раководителот на Секторот за урбанизам, Семир Зулбеари.
Втората катна гаража ќе се гради близу гостиварската општа болница. За повеќе податоци околу капацитетот на возила, почеток на градба и слично за сега нема податоци од надлежните.
Во Гостивар се планирани три катни гаражи со вкупен капацитет за над 200 возила. Ќе се реализираат по моделот на јавно-приватно партнерство во кое се вклучени општината и  приватни компании. Зависно од временските прилики, ако оди се според предвиденото, ќе биде готова до крајот на годината или на почетокот на следната година.
Градот актуелно на располагање има околу 840 паркинг места во зонско паркирање и два паркинзи од затворен тип.

Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз

Извор








ПредходнаПознати институциите кои наводно злоупотребиле европски пари, во тек се предистражните постапки
СледнаДневен хороскоп за сабота, 13-ти јануари 2024-та