дома Технологија Берт го сруши рекордот за најдолг живот по трансплантација на срце

Берт го сруши рекордот за најдолг живот по трансплантација на срце

41

Берт Јенсен (57) од Холандија преживеал речиси 40 години со донаторско срце што го добил во болницата Херефилд во Аксбриџ, северозападен Лондон. Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди како пациент кој живеел најдолго по трансплантација на срце.

Таткото на две деца и пилот на едрилица изјави дека е чест што го достигнал рекордот, но и дека сè уште е благодарен за „неверојатниот подарок“ што го добил од донаторот, пренесува Би-би-си.

Bert Janssen, 57, has been recognised as the longest-surviving heart transplant patient by Guinness World Records. He’s survived almost 40 years with the donor heart he received at Harefield Hospital in Uxbridge, north-west London. https://t.co/8aD8vfHfa6 https://t.co/8aD8vfHfa6— 🌍 𝙂𝙡𝙤𝙗𝙖𝙡 🌎 𝘼𝙛𝙛𝙖𝙞𝙧𝙨 🌏 (@OurEarthAffairs) February 8, 2024

– Никогаш не можев да замислам дека ќе дојдам вака далеку – рече Џенсен, додавајќи дека поставил репер за другите кои сега имаат доказ дека е можно долго да се живее со донорско срце.

На новиот рекордер му била дијагностицирана кардиомиопатија, болест која влијае на способноста на срцето да пумпа крв низ телото, кога имал само 17 години, откако развил симптоми слични на грип. Имаше 18 години кога на 6 јуни 1984 година проф. Магди Јакуб ја изврши операцијата.

– Сè се случи многу брзо. Само една недела по пристигнувањето во Херефилд, две срца ни беа достапни по тешката сообраќајна несреќа во Лондон. Бев компатибилен со еден од нив, па срцето беше пресадено – изјави тој за Би-Би-Си.

Тоа беше 107-та трансплантација во болницата Херефилд. По неа Берт се врати во нормален живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:

ПредходнаВашингтон потврди дека американската армија извршила нови напади врз Хутите во Јемен
СледнаБлискиот исток и американските резерви ги кренаа цените на нафтата кон 80 долари