Notice: Function wp_get_loading_optimization_attributes was called incorrectly. An image should not be lazy-loaded and marked as high priority at the same time. За повеќе информации погледнете Откривање грешки во WordPress. (Оваа порака беше додадена во верзијата 6.3.0.) in /home/wgjisicf/public_html/wp-includes/functions.php on line 6085
Со задоволство се сретнав со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир. Притоа, во свое и во име на МВР ја изразив благодарноста за континуираната поддршка од страна на ЕУ за нашата држава, особено со значајните заеднички инвестиции во ИКТ центарот за заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп, како и во најсовремената форензичка лабораторија на Балканот, со што значително се зголеми ефикасноста во работењето на службите во МВР, а граѓаните веќе ги гледаат резултатите како најбезбедна држава на Балканот, објави на Фејсбук дополнителниот заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев по денешната средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која присуствуваше и техничкиот МВР, Панче Тошоковски.
– На средбата го информирав амбасадорот Гир дека од 2021 година имаме вкупно 25 базни станици за нашите граѓани да имаат можност да се фотографираат надвор од државата, олеснувајќи и забрзувајќи го самиот процес во делот на лични документи, за првпат во 30 години.
Врвен приоритет во следниот период е спроведувањето на фер и демократски избори, во согласност со европските стандарди, истакна Бојмацалев.
Пронајдете не на следниве мрежи: