Дерек Мулер, експерт за изборно право на Правниот факултет Нотр Дам, кој поднесе неутрален поднесок во кој ги анализираше клучните правни прашања, откако Врховниот суд на САД ги слушна усните аргументи, рече дека судиите најверојатно ќе го вратат Доналд Трамп на гласачкото ливче во Колорадо.
-Се чинеше дека судиите се загрижени дека една држава може да влијае на целиот процес на претседателски избори и оти се потребни одредени насоки од Конгресот пред да се преземе таква вонредна мерка, рече Мулер, додавајќи дека изгледа „дека Судот е склон да дозволи политичкиот процес да се одвива“.
Мулер рече дека неколку судии изразиле непријатност поради тоа што државите ја спроведувале забраната без некакви насоки од Конгресот.
-Не е изненадувачки да се види како судиите изразуваат непријатност поради предлогот Врховниот суд на САД да треба да влезе во ваков вид фактичко и правно мочуриште, рече Милер.
Поранешниот претседател Доналд Трамп ги изнесе своите забелешки откако Врховниот суд на САД ги сослуша усните аргументи во случајот за неговата подобност да биде на претседателското изборно ливче.
-Добрата вест е дека водиме во речиси секоја анкета, рече Трамп во коментарите од неговата резиденција на Флорида.
Пронајдете не на следниве мрежи: