дома Балкан Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија за наводни нерегуларности на изборите

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија за наводни нерегуларности на изборите

41

Европскиот парламент изгласа резолуција со која се повикува на независна меѓународна истрага за наводни нерегуларности на изборите во Србија одржани на 17 декември 2023 година.

Необврзувачката резолуција на Европскиот парламент бара спроведување на меѓународна истрага за неодамнешните избори, испраќање експертска мисија и условување натамошна финансиска помош од ЕУ за Србија со подобрување на изборните услови.

За резолуцијата гласаа 461 европратеник, 53 беа против, додека 43 беа воздржани.

Резолуцијата беше изгласана пред конечниот извештај на ОБСЕ и ОДИХР за изборите во Србија.



Предходна,,Мораме да направиме cè за да ги спречиме Русите да победат…ако не го направиме тоа” – Шолц исплашен за моменталната ситуација во Украина
Следна,,Скоро бев полнолетна а ние страсно се љубевме!” Бритни Спирс ги откри деталите од бурната ноќ со овој холивудски заводник (ФОТО)