дома Технологија Најголемата пречка на Трамп да стане претседател не се Хејли или Бајден,...

Најголемата пречка на Трамп да стане претседател не се Хејли или Бајден, туку малку позната пензионерка од Колорадо

36

– Најголемата пречка на Доналд Трамп повторно да стане претседател на САД не се неговите противкандидати, републиканката Ники Хејли и демократот Џо Бајден, туку малку позната 91 – годишна пензионерка, поранешен републикански законодавец од Колорадо.

Норма Андерсон го предводи случајот „Трамп против Андерсон“ за што Врховниот суд на САД решава денеска. Таа стои зад одлуката на Врховниот суд на Колорадо дека Трамп не е подобен да служи за претседател по неговата улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. 

Андерсон отсекогаш била републиканка која во текот на својата кариера станала една од водечките законодавци на Колорадо. Таа била поканета да учествува во процесот против Трамп од невладината организација „Граѓани за одговорност и етика“ во Вашингтон.

-Кога си повикан, и кога должноста бара, тоа треба да го направиш. Мојата причина зошто го правам ова е да се зачува демократијата. Бидејќи Доналд Трамп ќе ја уништи нашата демократија, изјави Андерсон за „Политико“.

Случајот лежи во интерпретацијата на точка од 14. амаднман на Уставот на САД според кој лицето што се „ангажирало во“ востание против Соединетите Држави откако дало заклетва за „подршка“ на Уставот не се квалификува за повторен ангажман на службена должност.  

Правиот тим на Трамп ја оспори оваа одлука со барање по неа да се произнесе Врховниот суд на САД, кој за тоа решева денеска. Моментално, ова е едно од најгорливите прашања во американската политика. Мислењето на  американските избирачи се поделени во однос на тоа дали поранешниот претседател, кој се соочува со неколку судски процеси на федерално и државно ниво, може повторно да биде избиран.

Двете тужби поднесени од специјални федерални обвинителства потекнуваат имено од 6 јануари 2021 година и тогашните напори на Трамп и негови соработници за укинување на законски резултати од претседателските избори во 2020 година, како и скандалот со несовесно ракуање со доверливи документи.

Андерсон е дел од помала група на поранешни републикански избрани службеници кои се зафатија да го отстранат името на Трамп од гласачкото ливче по судски пат.  

Останати кои се потписници на поднесокот за оспорување на неговата претседателска кандидатурата се еден конзервативен колумнист на весникот „Денвер пост“ и поранешниот конгресмен Клаудин Шнајдер, која се преселила во Колорадо по службата во американскиот Конгрес.

Нивното барање беше одобрено од Врховниот суд на Колорадо во декември. Тогаш судот одлучи дека Трамп навистина се ангажирал во востание и затоа не се квалификува за повторна служба.

Правиот тим на Трамп ја оспори оваа одлука со барање по неа да се произнесе Врховниот суд на САД, кој за тоа решева денеска. Седницата започнува во 10 часот источноамериканско време. 

Пронајдете не на следниве мрежи:

Предходна„Не доаѓам утре и нема да гласам за министрите на Села“
СледнаУставниот суд на Еквадор ја декриминализираше евтаназијата