дома Македонија Поставени ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на ризични локации

Поставени ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на ризични локации

37





Безбедноста во сообраќајот за сите учесници е еден од приоритетите на градот Скопје. Како дел од од инфраструктурните проекти кои се реализираат во градот од програмата “За Модерно Скопје”, продолжуваме со проектот за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на бул. Босна и Херцеговина, откако претходно отпочнавме со поставување на три локации меѓу кои и бул. Партизански Одреди кај Палма и на улицата Јордан Мијалков, со што истите се поставени на вкупно 10 локации во изминатата година.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот.

ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60% што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70%.

Контрастот на клучните информации на Лед сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35%. Со овој вид сигнализација функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

– Реклама –








ПредходнаСтружанка најдена мртва во својот дом
СледнаИзраелската војска се повлече и зад себе го остави во урнатини градот Газа