Во средата вo 17.10 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во домот во кој живеела во Струга била пронајдена почината 73-годишната П.А. од Струга.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.