дома Магазин Што е функционална депресија и како да ја препознаете?

Што е функционална депресија и како да ја препознаете?

34

Навидум никогаш не би рекле дека некои депресивни луѓе имаат таков проблем. И во живо и на социјалните мрежи оставаат дури и претеран впечаток за среќен и исполнет живот.

Психологот Џефри Мелцер ги користи социјалните мрежи за да ја подигне свеста за менталното здравје, како и за здравствените проблеми како депресија и анксиозност.

Тој неодамна објави видео за функционална депресија кое стана вирално. Објасни дека овој термин се користи за опишување на луѓе кои изгледаат и се однесуваат нормално и се во чекор со секојдневните обврски, додека се борат со депресија.

„Чест знак за функционална депресија е таканареченото маскирање со кое ги криеме внатрешните проблеми. Друг знак е постојаната самокритика. Секоја грешка ја чувствувате како личен неуспех“, наведе Мелцер.

Тој понатаму го издвојува чувството на бескрајна исцрпеност како трет знак.

Иритацијата поради ситници и губење на задоволство во речиси сè што правиме, тој ги класифицира како четврти и петти знаци на функционална депресија. Конечно, како последен знак психологот ја споменал изолацијата од пријателите и семејството.

ПредходнаГерманија испрати борбена фрегата да се приклучи на мисијата на ЕУ во Црвеното Море
Следна,,Мораме да направиме cè за да ги спречиме Русите да победат…ако не го направиме тоа” – Шолц исплашен за моменталната ситуација во Украина