дома Свет Полскиот премиер ги искара Републиканците за блокирањето на помошта за Украина: „Срам...

Полскиот премиер ги искара Републиканците за блокирањето на помошта за Украина: „Срам да ви е“

42

Полскиот премиер Доналд Туск остро ги критикуваше американските републиканци за блокирањето на законот со кој ќе и се одобри помош на Украина во износ од 60 милијарди долари, пишува Гардијан.

Својата остра реакција полскиот премиер ја објава на социјалните мрежи утринава.

„Почитувани републикански сенатори на САД. Роналд Реган, кој ни помогна на милиони од нас да ја вратиме нашата слобода и независност, мора да се преврти денес во својот гроб. Срам да ви е“, објави Туск.

Неочекувано силната критика на централнодесничарскиот премиер доаѓа откако американскиот Сенат го блокираше двопартискиот закон за мерките на границата меѓу САД и Мексико и помошта за Украина од 118 милијарди долари. Законот ќе му обезбеди на Киев воена помош од 60 милијарди долари.

Туск е еден од ветераните на европската политика, откако беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година, претседател на Европскиот совет од 2014 до 2019 година и претседател на Европската народна партија од 2019 до 2022 година, пред да се врати на премиерската функција кон крајот на минатата година.

– Реклама –

Предходна,,Скоро бев полнолетна а ние страсно се љубевме!” Бритни Спирс ги откри деталите од бурната ноќ со овој холивудски заводник (ФОТО)
СледнаМеџити не планира да поднесе оставка