дома Свет Русија и Кина мора одлучно да се спротивстават на надворешното мешање

Русија и Кина мора одлучно да се спротивстават на надворешното мешање

43





Русија и Кина мора тесно да соработуваат во заштитата на безбедноста и одлучно да се спротивстават на надворешното мешање во внатрешните работи, рече кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Двете страни треба да спроведат тесна стратешка соработка за да го заштитат својот национален суверенитет, безбедност и развојни интереси и решително да се спротивстават на мешањето на странските сили во внатрешните работи“, рече Си Џинпинг, пренесува руска новинска агенција, повикувајќи се на кинеската централна телевизија.

Путин и Си имаа „длабока размена на мислења за актуелните меѓународни и регионални прашања“, како што објави кинеската телевизија, и се согласија дека оваа година ќе продолжат да одржуваат блиски контакти и да разменуваат мислења за кинеско-руските односи и стратешки прашања од заемен интерес, пренесуваат руските медиуми.

Покрај тоа, Џинпинг посочи дека Москва и Пекинг треба заеднички да ја одржуваат стабилноста на синџирите на производство и продажба.

„Кина и Русија мора да дадат нов поттик на билатералната соработка, како и да ја поддржат стабилноста на производствените и продажните синџири со консолидирани напори“, рече Си, а пренесе Централната телевизија на Кина.

– Реклама –








ПредходнаШкотска ќе тестира покуса работна недела
СледнаИнспекциските служби ќе проведуваат дали децата во градинките се вакцинирани против голема кашлица