дома Технологија Ќерката на Хајди Клум гордо ги покажа своите акни и ги охрабри...

Ќерката на Хајди Клум гордо ги покажа своите акни и ги охрабри жените да се чувствуваат добро во сопствената кожа

35

Лени Клум, ќерката на манекенката Хајди Клум, позираше без шминка и гордо ги покажа своите акни и ги охрабри жените да се чувствуваат добро во сопствената кожа.

Таа претходно зборуваше за магазинот People за предизвиците на манекенството на 16-годишна возраст, кога многумина се справуваат со акните.

“Постои вообичаено верување дека не си убава ако имаш акни. Тоа е стигмата. Да бидам искрен, и јас се чувствував така. Потоа сфатив дека тоа е сосема нормално и дека секој поминува низ тоа. Секој може да добие акни Не си ти виновна, тоа е хормонално“, рекла Лени.

Сепак, таа додала дека на моменти се уште се чувствува несигурна за својот изглед.

“Имаше денови кога не сакав да излезам од дома додека не се исчистат акните. Тогаш сфатив дека не можам да живеам така. Не можам да дозволам мозолките на моето лице да ме спречат да ја напуштам куќата”. изјави таа.

Како што е познато, Лени реши да тргне по стапките на мајка си. Тие двајца заедно позираа за германското издание на магазинот Vogue во 2020 година. Покрај Лени, Хајди Клум и Сил ја имаат ќерката Лу и синовите Хенри и Јохан.

Пронајдете не на следниве мрежи:

ПредходнаАко сметаат дека опозицијата е подобра, не треба да седат во Влада
Следна„МОРА ДА НАПРАВИМЕ СЕ ДА ЈА СПРЕЧИМЕ РУСИЈА ДА ПОБЕДИ, ЗАТОА ШТО АКО НЕ ГО СТОРИМЕ ТОА…“ Шолц е исплашен од моменталната ситуација во Украина