Откако неодамна на хрватската пејачка Северина Вучковиќ и е одземено старателството над синот и предадено на нејзиниот татко Милан Поповиќ, приказната за овој случај не престанува да ја интригира јавноста.
Српскиот бизнисмен и татко на детето на Северина во текот на неколку години поднел 17 кривични и 34 граѓански тужби, меѓу кои и прв и втор степен, јавуваат хрватските медиуми.
Милан , откако го доби старателството над синот Александар, кој го имаше во брак со Северина, се огласи на Инстаграм.
– „Една е мајка“, а има неколку татковци, нели? – напишал тој.
View this post on Instagram A post shared by Milan Popovic (@milan8popovic)
Северина испратила отворено писмо до судот
Да потсетиме, Северина по одлуката на Врховниот суд да и го одземе старателството над синот, до истата испрати отворено писмо.
– Почитуван Врховен суд… Значи, имајќи предвид дека јавно ја соопштивте вашата одлука и дека пред да ми биде доставена одлуката, јавно се согласувам со вас. Јас сум СВ (не СК, како што напиша во решението). Мајката од која го зедовте детето, за да ги исправите „нерамномерните судски практики“ и „процесните грешки“ во постапка завршена пред две и пол години… Процедурална грешка се состои во тоа што, според вас, судечкиот совет во постапката за старателство требало да ги сослуша вештаците кои го пишувале извештајот речиси една година (а требаше да биде готов за еден месец) – напиша таа и додаде:
– Значи, и двајцата стручњаци, Грошиќ и Дијаниќ, кои, инаку, последен пат го виделе моето дете пред три и пол години, вербално не ги објаснија своите наоди, велите. Тие беа повикани на суд. Дијаниќ се правдаше дека е болна, а експертот Грошиќ дека е когнитивно неспособен. Нејавувањето на суд го оправда, цитирам: „Поради недостаток на когнитивни и интелектуални способности, поврзани со конкретниот случај“. Буквално со тие зборови. Се прашувам дали можеби бил когнитивно неспособен кога го правел извештајот или кога го испраќал? Ама тоа е друга тема…
Пронајдете не на следниве мрежи: