Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон покажа колку рускиот претседател е уверен во сопствените сили, пишува Њујорк тајмс, а на социјалните мрежи се појави и клип од интервјуто во кое Путин на почетокот на разговор, лежерно го симнува часовникот и го става.на масата.
Тогаш Путин, додека го слушаше Карлсон како му поставува прашање, лежерно си го масирал десниот зглоб со левата рака на која носел скап часовник.
Однесувањето, говорот на телото, гестикулациите и пред се неговите одговори оставија силен впечаток на американските медиуми.
„Генерално, однесувањето на Путин ја нагласи неговата тактичка самодоверба додека ги ставаше неговите противници во неповолна положба“, се вели во написот.
Се посочува дека Украина има потешкотии на бојното поле, додека натамошната воена помош за Киев е стопирана во американскиот Конгрес. Во меѓувреме, политичарите пријателски настроени кон Кремљ собираат сила од двете страни на Атлантикот.
Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон на социјалната мрежа Х има повеќе од 68 милиони прегледи. Речиси 200.000 луѓе ја споделија статијата и на повеќе од 580.000 луѓе им се допадна.
Пронајдете не на следниве мрежи: