дома Магазин Нуклеарна фузија: Нов рекорд го приближува сонот за чиста енергија

Нуклеарна фузија: Нов рекорд го приближува сонот за чиста енергија

39

Нуклеарната фузија произведе досега најмногу енергија во еден експеримент, во лабораторијата JET со седиште во Велика Британиија, доведувајќи го светот чекор поблиску до сонот за неограничена „чиста“ енергија, пишува BBC.

Нуклеарната фузија е процес кој им дава енергија на ѕвездите. Научниците веруваат дека може да произведува огромни количества енергија без да ја загрева атмосферата.

Европските научници кои работеле во споменатата лабораторија велат дека „постигнале работи коишто никогаш порано не биле направени“. Резултатот е постигнат во најновиот експеримент на лабораторијата ЈЕТ по повеќе од 40 години истражување на фузијата.

Нуклеарната фузија е процес кој му дава енергија на Сонцето. Во овој процес, двојки од ситни честички, атоми, се загреваат и се спојуваат за да создадат една потешка честичка којашто ослободува полезна енергија.

Доколку успешно се зголеми на комерцијално ниво, би можело да се произведат бескрајни количества чиста енергија без емисии на јаглерод. И, она што е клучно, за разлика од енергијата добиена од ветер или од сончевата енергија, таа не би била во милост или немилост од временските услови.

Меѓутоа, др Аника Кан од Универзитетот во Манчестер вели дека тоа не е едноставно.

„За да се случи фузија на атоми на Земјата, потребни ни се температури десет пати повисоки отколку на Сонцето – околу 100 милиони Целзиусови степени, а потребна ни е и доволно голема густина на атомите доволно долго време“, појаснува Кан.

Опитите произвеле 69 мегаџули енергија за пет секунди. Тоа е доволно енергија за само четири до пет топли бањи, значи не многу, пишува BBC.

Светот сѐ уште е далеки од електрани со нуклеарна фузија, но со секој експеримент е чекор поблиски.

Професорот Стјуарт Манглес, шеф на Заедницата за истражување на вслената, плазмата и климата од лондонскиот Империјал Колеџ, вели дека станува збор за возбудливи резултати.

„Новите разултати од финалната работа на ЈЕТ се многу возбудливи. Овој резултат навистина ја истакнува силата на меѓународната соработка и не би бил возможен без работата на стотината научници и инженери од цела Европа“, вели професорот.

Постројката Joint European Torus (JET) е изградена во Калхам во Окфорд во доцните 1970-те години и до крајот на минатата 2023 година беше најнапредниот светски експериментален фузиски реактор. Сите експерименти запреа во декември.

Реакторот во почетокот требало да биде оперативен само десетина години, но повторуваните успеси доведоа до продолжување на неговито работен век. Денеска објавените резултати се трикратно поголеми од она што е постигнато во сличните тестови во 1997 година.

„Нашата успешна демонстрација… влева поголема доверба во развојот на фузиската енергија. Покрај поставувањето на новиот рекорд, постигнавме нешта коишто никогаш претходно не успеавме да ги постигнеме и го продлабочивме нашето сфаќање за физиката на фузијата“, вели професорот Амброџо Фасоли, шеф на програмата во EUROfusion.



ПредходнаЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 78,54 евра за мегават час, на МЕМО 76,93 евра за мегават час
СледнаНов рекорд го приближува сонот за чиста енергија