Доколку последниве денови имате профил на некоја од социјалните мрежи, не можевте да избегнете комична реклама од Србија за ПВЦ столарија.
Имено, тој беше споделен на профилот на TikTok на компанија од Србија која произведува алуминиумска и ПВЦ столарија и за четири дена собра 1,6 милиони прегледи.
На неа се гледа жена која како да му вика на сопругот од под прозорецот, а таму се појавува вработен во споменатата фирма со решение. Многумина ги освои тоа што се работи за реклама за која не биле ангажирани актери, а притоа беше одлично реализирана.
@alu.i.pvc.stolarij Dihtovanje je jako bitno! ♬ original sound – Alu i pvc stolarija Stanisic
Додека го затвора прозорецот, гласот на жената замолчува, а вработениот вели: „Ова лесно се решава… “.
Видеото предизвика бројни реакции на мрежите, а повеќето од нив во коментарите ја пофалија нивната креативност.
„Маркетинг волшебници“, „Не разговарам со жена поради оваа реклама“, „совршен маркетинг“, „премногу добро го одигра ова“, беа само дел од реакциите на видеото кое ги насмеа сите.
Пронајдете не на следниве мрежи: