Украина го смени врховниот командант на вооружените сили, Валериј Залужни, и на таа позиција го именуваше досегашниот командант на украинските копнени сили, Александар Сирски, соопштија официјални лица на таа земја, пренесува Анадолу.
„Потребни ни се нови пристапи и нови стратегии. Денес е донесена одлука за смена на раководството на Вооружените сили на Украина. Искрено сум му благодарен на Валериј Федорович (Залужни) за сите негови достигнувања и победи“, напиша украинскиот министер за одбрана Рустем Умаров на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски најави дека Сирски ќе го замени Залужни на местото врховен командант.
Пронајдете не на следниве мрежи: