Американскиот новинар Такер Карлсон, наводно, се сретнал со поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден и Тара Рид, која го обвинува актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, за малтретирање (сексуално вознемирување), за време на неговото патување во Москва.
Информацијата ја објави веб-порталот „Семафор“, кој неофицијално наведува дека Такер Карлсон неколку часа разговарал со Едвард Сноуден, а снимил и интервју со Тара Рид.
Во јуни 2013 година, Едвард Сноуден предизвика голем меѓународен скандал објавувајќи до The Washington Post и The Guardian серија доверливи материјали за програмите за надзор на САД и Велика Британија на Интернет. После тоа, тој одлета во Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде на крајот добил азил и државјанство.
Тара Рид, која му служеше како помошник на Џо Бајден додека тој беше сенатор, исто така бара руско државјанство и го обвинува поранешниот нејзин шеф за сексуално вознемирување.
Главната цел на посетата на Такер Карлсон на Русија, да потсетиме, беше интервју со претседателот Владимир Путин.
Пронајдете не на следниве мрежи: