Принцот Хари се согласи на спогодба во тужбата против издавачот Mirror Group Newspapers (MGN) поради хакирање на телефонот и други незаконски дејствија, откако издавачот се согласи да исплати значителна отштета и правни трошоци, изјави адвокатот на Хари пред Високиот суд во Лондон во петокот.
Високиот суд во декември пресуди дека Хари бил жртва на незаконско собирање информации. Новинари од таблоидите a Daily Mirror, Sunday Mirror и Sunday People, го хакирале неговиот телефон и нивните уредници знаеле за тоа.
Но оваа пресуда разгледуваше само 33 од 148 написи на кои Хари се жалешеи. За 15 од нив пресудата беше во негова полза. Адвокатот на Хари, Дејвид Шерборн, изјави пред судот дека MGN сега го прифатила преостанатиот дел од неговото барање. Така, Mirror Group Newspapers ќе му исплати на војводата од Сасекс значителна дополнителна сума како компензација, рече Шерборн.
На помладиот син на британскиот крал Чарлс Трети, кој ланскиот јуни стана првиот член на кралското семејство во последните 130 години кој се појави на суди, првично му беше пресудена отштета од 140.600 фунти, откако судијата се согласи дека новинарите на MGN незаконски го прислушувале.
Хари беше еден од околу 100-те тужители против MGN, вклучувајќи актери, спортски ѕвезди, познати личности и луѓе кои имале врски со истакнати луѓе. Хари и уште три лица беа избрани за тест случаи.
Судијата Тимоти Фанкур во декември заклучи дека MGN хакирале и спроведувале незаконски активности како што се „благинг“, односно добивање информации со измама, од 1996 до 2011 година, па дури и додека траеше јавната истрага за незаконски активности во британските весници.
Шерборн изјави и дека MGN најверојатно ќе мора да плати повеќе од два милиона фунти за да ги покрие направените правни трошоци на странките, како и 400.000 фунти за поединечите трошоци на принцот.
Хари не се појави на суд во петокот. Претхоно тој седмицава допатува во Британија откако дозна дека на татко му му е дијагностициран рак. Тие се состанаа во вторникот помалку од еден час пред Чарлс III. да го напушти Лондон и да замине во својата куќа во Источна Англија. Хари го напушти Лондон следниот ден за да се врати во Калифорнија, во САД.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.