дома Балкан Грчките земјоделци денеска од 11 до 17 часот ќе го блокираат граничниот...

Грчките земјоделци денеска од 11 до 17 часот ќе го блокираат граничниот премин Меџитлија

43

Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна.

Блокадата на граничниот премин истовремено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција до завршување на блокадата. Тоа важи за секаков вид патнички и товарни моторни возила, потврдија за МИА од ГП Меџитлија, откако грчките погранични служби ги известиле македонските погранични служби.

Деновиве земјоделците од северозападна Грција со трактори протестираа, без затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница ќе биде затворен кон внатрешноста на Грција.

Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја.



ПредходнаЗеленски на чело на армијата носи командант со руско потекло
СледнаМини срцев удар – пет симптоми кои најчесто се игнорираат