Денеска (08.02.2024) по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршен е претрес на дом на К.Т.(23) во Скопје.
При претресот пронајдени и одземени се 12 паковки марихуана, 2 паковки со бела прашкаста материја и дигитална вага. Лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Пронајдете не на следниве мрежи: