дома Балкан Ќе видиме сега како ќе реагира Приштина на пораката од САД, порача...

Ќе видиме сега како ќе реагира Приштина на пораката од САД, порача Вучиќ

48

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека сега ќе се види како по последните пораки од Соединетите Американски Држави за укинувањето на динарот ќе реагира Приштина.

„Го анализираме тоа што го кажаа претставниците на неколку земји, ми се чини дека мојот впечаток, она што го кажав синоќа беше точен, па ќе видиме од сега па натаму, ќе видиме по последните пораки во кои што Американците бараат одложување од четири месеци, како ќе реагира Приштина на тоа, мислам дека овие работи не се неважни“, рече Вучиќ.

Вучиќ, меѓу другото, одговори на прашањето дали добивал пораки од светските лидери или од некој друг како поминала седницата и дали имало поддршка или притисок, наведувајќи дека најверојатно го анализирале неговиот говор.

Тој изјави дека секојдневно има притисоци, но не поради тоа, бидејќи седницата е веќе завршена.

Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, вчера изјави дека Вашингтон изразил резерви во врска со одлуката еврото да стане единствена валута на Косово и ја повика Приштина да го одложи спроведувањето на оваа одлука додека не се дефинираат соодветни механизми во согласност со најдобрите европски практики.

„Одлуката е донесена без соодветна подготовка и без консултации со локалното население. Бараме итно да се одложи почетокот на имплементацијата на овој план додека не се дефинираат соодветни процедури во согласност со европските стандарди“, изјави Томас-Гринфилд, пренесе Телеграф.



ПредходнаСо возило излетал од патот, па избегал, вантре затекнати 10 мигранти
СледнаБлинкен следната недела во Албанија и Германија