дома Свет Зеленски и Макрон разговарале за „потребата на Украина од оружје“

Зеленски и Макрон разговарале за „потребата на Украина од оружје“

20

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега по должност Володомир Зеленски во саботата телефонски разговарале за ситуацијата на фронтот и за „потребите на Украина“ од оружје и муниција.

„Разговаравме за ситуацијата на фронтот и за одбранбените потреби на Украина, а тие вклувуваат беспилотни летала, артилерија и муниција, опрема за електронско војување и системи за протоввоздушна одбрана“, напиша Зеленски на мрежата X.

Разговорот го оценува како „многу позитивен и конкретен“, и притоа ѝ се заблагодарува на Франција на „непоколебливата поддршка“.

Елисејскиот дворец потврди дека двајцата челници разговарале за „развојот на ситуацијата на теренот и за потребите на Украина“.

„Претседателот на Републиката повторно ја истакна решителноста на Францина за тоа на Украина долгорочно, во соработка со партнерите да ѝ се пружи сета потребна поддршка за на крајот да биде задушена руската воена агресија“, се наведува во објавата од кабинетот на францускиот претседател,

Двајцата челници разговарале и за болатерланот одбранбен договор кој Франција и Украина имаат намера наскоро да го склучат, по примерот на оној што Киев неодамна го склучи со Велика Британија.

Од крајот на минатиот месец ескалираа тензиите меѓу Франција и Русија, откако руската војска објави дека во близина на Харков погодила објект во кој биле сместени странски борци, главно француски и притоа биле убиени 60 од нив. Москва го обвини Париз дека поттикнува активни и пензионирани припадници на елитната Легија на странците да се пријавуваат во ткн Легион на странците кој се бори на страна на украинските сили. Поради тоа, во руското Министерство за надворешни работи беше повикан францускиот амбасадор во Москва, Пјер Леви, кој по средбата одби да одговара на новинарски прашања.

Според податоците на руското воено разузнавање, од крајот на февруари 2022 година, најмалку 300 француски платеници пристигнале на украонското боиште, од нив загинале 130 а уште 50 сѐ уште се борат во Украина.

Француското Министерство за надворешни работи, исто така, во петокот ги отфрли доказите за присуство на француски платеници на украинското боиште. Информацијата за загинувањето на десетици Французи во Харков, го нарече „груба манипулација“ тврдејќи дека Франција „нема свои платеници ниту во Украина, ниту на кое и да е друго место“.

Во понеделникот во француското Министерство за надворешни работи беше повикан рускиот амбасадор Алексеј Мечков, на кој му беше вложен протест по загинувањето на двајца наводни француски „хуманитарни работници“ на бојното поле во руски напад.

Русија неодамна го критикуваше француското „милитаристичко лудило“, алудирајќи на ветувањето на Париз за нови испораки на оружје на Киев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Предходна“КОЈ Е КОЈ ?“ – Германскиот канцелар и американски сенатор како близнаци: “Прекрасно е повторно да го видам мојот двојник“
СледнаИзраелската армија распореди воена технологија со вештачка интелигенција во Појасот Газа