дома Свет Кој ќе му се спротистави на Путин? Четворица кандидати на претседателските избори...

Кој ќе му се спротистави на Путин? Четворица кандидати на претседателските избори во Русија

52

Централната изборна комисија на Русија вчера соопшти дека на претседателските избори кои ќе се одржат од 15 до 17 март ќе учествуваат четворица кандидати – Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија, Владислав Даванков од Новиот народ, Николај Харитонов од Комунистичката партија и актуелниот претседател Владимир Путин, кој е независен кандидат.

На претходните претседателски избори во 2018 година на гласачкото ливче имаше осум кандидати. Последен пат само четворица кандидати беа на изборите во 2008 година, кога победи Дмитриј Медведев, а најмногу кандидати, 11, имаше во 2000 година, пренесува Тасс.

Централната изборна комисија на 8 февруари одби да ги регистрира кандидатурите на Сергеј Малинковиќ од Комунистичката партија на Русија и Борис Надеждин од Партијата на Граѓанската иницијатива, наведувајќи го како причина високиот процент на неважечки потписи.

Законот предвидува дека се дозволени до пет отсто неважечки потписи, додека за Надеждин тоа е 15,2 отсто, а за Малинковиќ 14,9 отсто, соопшти ЦИК.

Откако неговата кандидатура беше одбиена, Надеждин најави дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд на Русија.

Не беа прифатени ниту кандидатурите на блогерите Рад Руски и Анатолиј Баташев, бидејќи не го доставија потребниот број потписи.

Пронајдете не на следниве мрежи:

ПредходнаРазрешени министрите опозиционоери на Алијанса
СледнаЗборувате во сон? Вашето тело можеби ви ја испраќа оваа порака