Ting1 во Орнсколдсвик е една од најуникатните станбени згради во Шведска, а воедно ја заслужи и титулата за најгрда во регионот. Не само поради боите и уникатната архитектура, туку и поради начинот на кој е изграден.
Tingshuset (Судската куќа) во центарот на Орнсколдсвик е бетонска зграда од 1967 година. Објектот е изграден во дворот на судската палата и се протега по целата ширина над покривот на судската палата. Во ниту еден момент нема контакт меѓу двете згради.
View this post on Instagram A post shared by Anders Bobert (@anders_foto)
Од сите страни на фасадата штрчат карактеристични стаклени балкони – вкупно 78, а се поделени на 51 стан. Темата на смели и топли бои е уникатна и инспирирана од сликите на Бенгт Линдстром.
Локалните жители го нарекуваат Ting1 „LEGO куќа“, па дури и „коронавирус“, и предизвикува и пофалби и контроверзии. Беше финалист за наградата шведска зграда на годината во 2014 година и ја освои наградата Голема плочка таа година.
View this post on Instagram A post shared by Oun Im (@semoun99)
Дизајнот на зградата е потпишан од познатиот шведски архитект Јерт Вингорд.
Сепак, имаше различни мислења, при што беше означена како „најгрдата зграда во провинцијата Анџерманланд“ во локалното истражување од 2016 година, а критички беше осветлена од движењето Arkitektuproret (Архитектонско востание), кое се бори против модернизмот.
Пронајдете не на следниве мрежи: