На Твитер се појави интересна карта на Европа, која на хумористичен начин покажува кои реченици најбрзо ќе провоцираат одредени народи.
Дури и Илон Маск ја коментираше публикацијата кој смета дека авторите не направиле голема грешка. Некои би рекле дека не е тешко да се изнервира Балканецот, но еве што вели мапата, кои реченици веднаш би нè извадиле од такт.
За Србија, се вели дека реченицата,, Тесла е Хрват или Американец“ ќе предизвика жестока дебата, Босанците најмногу би биле испровоцирани доколку ги наречете „турски Срби“, додека за Хрватите е навреда да ги нарекувате „Срби католици“.
How to offend Europeans in one sentence. (Source: Amazing map) pic.twitter.com/TKeiz8hOb2— Epic Maps 🗺️ (@Locati0ns) November 7, 2023
Доволно би било за Македонците да кажете дека се „измислени во 91“, а од непознати причини Црногорците не се прикажани на картата.
Кога станува збор за медитеранските земји, „неуспешна економија“ се однесува на Грците, „тестенини со кечап и сепаратизам“ за Италија, а за Шпанците би било провокација да им кажат дека се „гласни и досадни“.
Пронајдете не на следниве мрежи: