Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа X (Твитер), Илон Маск, најави дека за неколку месеци ќе го откаже својот телефонски број и дека ќе ја користи својата социјална мрежа за пораки, аудио и видео повици.
Имено, оваа „нова опција“ на X беше најавена пред три недели, а корисниците на социјалната мрежа се љубопитни како ќе функционира.
In a few months, I will discontinue my phone number and only use X for texts and audio/video calls— Elon Musk (@elonmusk) February 9, 2024
Објавата на Илон Маск ја коментираше и една жена, судејќи по нејзиното име и презиме, од нашите простори, која изјави дека веќе ја испробала новата функција.
„Го направив мојот прв повик овде од Индонезија и беше совршено“, напиша таа.
„Еден од инженерите на X кои работат на проектот напиша за функцијата и кажа дека ќе биде достапна за корисниците на Android по ажурирањето на апликацијата“, објави TechCrunch кон крајот на јануари.
Во август минатата година, извршната директорка Линда Јакарино првпат зборуваше за воведување видео повици на социјалната мрежа и на крајот им ја достави на корисниците на iOS во октомври.
Конкретно, секој корисник може да прима повик, но само корисниците кои плаќаат можат да остварат повик. Тоа е една од долгата листа на работи кои само платените корисници можат да ги прават на X.
TechCrunch посочи дека X сè уште е амбициозен да стане „апликација за секого“.
Во јануари, компанијата ја објави својата визија за 2024 година, која вклучува лансирање на плаќања од – peer-to-peer.
Пронајдете не на следниве мрежи: