Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ по долго време објави фотографии на социјалните мрежи. Во објавата, Колинда се пофали дека оваа година успешно ја започнала, но она што на сите им падна во очи е нејзиниот физички изглед.
Имено, Колинда објави фотографии од Мароко, каде уживала и работела три неделиа преку објавата решила да се заблагодари за гостопримството.
„Пријатен и плоден почеток на новата година во прекрасното Мароко, „Кралството на зајдисонцето“, како што гласи неговото име на арапски. Три недели напорна работа, но и релаксирачки моменти во Маракеш и суровата убавина на Атласот. Благодарам драг пријателе Калил за гостопримството“, напишала Колинда покрај фотографиите.
Поранешната претседатекла предизвика бројни позитивни реакции кај следбениците и јавноста, кои велат дека изгледа подобро од кога било досега.На фотографиите Колинда може да се забележи дека има завидна фигура, изгледа двојно помладо и очигледно е дека одлично се чувствува во своја кожа откако со упорност и дисциплина успеала да го изгуби и последниот вишок килограми.

Инаку, Колинда Грабар Китаровиќ беше претседател на Хрватска од 2015 до 2020 година. Неодамна многу се зборуваше за нејзиното слабеење, кое наводно се должи на нејзината диета со липосукциска диета (многу масти и протеини и намален внес на јаглехидрати).
