дома Свет САД ја подржуваат одлуката на ЕУ за заплена на руските замрзнати активи...

САД ја подржуваат одлуката на ЕУ за заплена на руските замрзнати активи во полза на Украина

  САД ги подржуваат дејствијата на Европската Унија да се овозможи руските активи да бидат искористени во интерес на Украинците, изјавија од Стејт департментот.

Изјавата од Вашингтон доаѓа откако ЕУ одобри замрзнатите активи во Европа да започнат да се префрлаат на Украина.

-Продолжуваме да водиме активен дијалог со нашите сојузници и партнери, вклучувајќи ги земјите од Г-7, за дополнителни мерки што можат да бидат преземени во рамките на соодветните јурисдикции и меѓународното право Русија да се натера да ја запре својата агресија против Украина, и да добиеме таа да плати за нанесените штети, изјави синоќа портпаролот Метју Милер.

Тој додаде дека администрацијата се надева сличен закон за заплена на руските замрзнати активи да биде донесен и во САД.

ПредходнаВесиќ: Грција се вклучува во проектот брза пруга Будимпешта-Белград-Скопје-Солун што е историска победа за Западен Балкан
СледнаПо повод Денот на вљубените: Љубов, страст и фламенко со Македонска филхармонија