дома Бизнис Инфлацијата во јануари намалена во однос на декември

Инфлацијата во јануари намалена во однос на декември

    Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари во однос на декември лани е намалена за 0,3 проценти, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Намалувањето, според Државниот завод за статистика, е резултат на намалувањето на трошоците на животот кај транспорт за 4,9 проценти, облеката и обувките за еден процент, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,8 проценти и рекреација и култура за 0,7 проценти.

Зголемување на трошоците на животот е забележано кај алкохолните пијалаци и тутунот за 1,5 проценти, рестораните и хотелите за 1,3 проценти, мебелот, покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 0,6 проценти….

Намалување од 1,2 проценти е забележано и кај цените на мало во однос на декември лани.

Во однос на јануари лани, трошоците на живот се зголемени за 3,2 проценти, а цените на мало за 2,8 проценти.

ПредходнаГрчките земјоделци повторно го блокираат граничниот премин Евзони кон Северна Македонија
СледнаЛога ја потпиша Љубљанско-Хашката конвенција